(ВИДЕО) НЕОТКРИЕНИ МИСТЕРИИ: Каде исчезнаа овие авиони?
Објавено во: Свет 28 Декември, 2014 11:39
Малезискиот авион кој исчезна на 8 март оваа година предизвика големо внимание на медиумите и светската јавност, а ни неколку месеци подоцна нема никакви официјални информации за него. Семејствата и пријателите се очајни и понатаму не ја губат надежта дека ќе се појави некако, иако сите се прогласени за мртви.
На 24 јули над небото во Африка исчезна авионот на „Ер Алжир“ кој на летот АХ5017 од Буркина Фасо за Алжир исчезнал од радарите 50-тина минути по полетувањето од Уагадугу. Подоцна беше констатирано дека овој авион се урнал над Нигер со 116 патници и екипажот.
Погледнете кои исчезнувања во текот на историјата ја возбудиле јавноста, но и останале целосна мистерија.
БОИНГ 727 украден од аеродромот во Ангола
Боингот 727-223 на 25 мај 2003 година е украден од аеродромот во Луанда. Двајцата мажи Бен Чарлс Падилј и Џон Мајкл Мутант се потпишале како пилот и механичар на одржување на авионот таа вечер кога исчезнал. Овој вид на авион инаку бара најмалку тројца членови на екипажот, а од тој ден никој повеќе не ги пронашол ни пилотите, ни авионот.
Џез музичарот Глен Милер исчезна во текот на летот
Американскиот музичар Глен Милер на 15 декември 1944 година требало да слета од Британија во Парзи на настап. Меѓутоа, неговиот авион C-64 никогаш не слетал. Милер инаку и се придружил на војската во 1942 година, на врвот на својата слава и две години подцна станал мајор. Многумина оваа мистерија на неговото исчезнување ја поврзале со војската. Една од најнеобичните теории е германскиот новинар, кој напишал дека Милер починал од срцев удар во рацете на француска проститутка, но дека американската војска тоа го сокрила.
Воен авион со екипаж исчезна во текот на Виетнамската војна
На летот со број 739 биле американски војници кои оделе од базата во Калифорнија до базата во Виетнам. Во него биле 96 патници и 11 членови на екипажот. Еден час подоцна после последната радио комуникација, е пријавена некоја експлозија на небото. Меѓутоа, ни телата на патниците, ни остатоците на авионот никогаш не се пронајдени.
Исчезнување на Амелија Ерхарт
Ерхарт била прва жена пилот која го прелетала Атланстскиот океан, но на 2 јуни 1937 година нејзиниот авион исчезнал во текот на пат околу светот. За оваа мистерија исто така се појавиле многу теории, па така едни тврделе дека таа всушност била таен агент чиј авион се урнал во Јапонија, каде ја киднапирале. Други веруваат дека успеала во својот пат околу светот , но дека при слетувањето во САД го сменила името и водела мирен живот.
Пет авиони исчезнаа над Бермундскиот триаголник
Пет бомбардери на американската морнарица во кои имало 14 членови на екипажот исчезнале над Бермундскиот триаголник. Два часа после полетувањето нивната локација станала непозната, а после еден од нив се јавил дека нема гориво. Воен авион тргнал во спасувачка мисија со 13 членови на екипажот, но и тој исчезнал без траг.
Бразилски авион со милион долари вредни уметнички дела исчезнал
Шест членови на екипажот, 153 слики во вредност од 1,2 милиони долари и авионот целосно исчезнале во 1979 година, Единствено што се знае е дека полетал од аеродромот во Токио, но таму му се губи секаква трага.
DC-4 исчезнал над езерото Мичиген
58 луѓе го изгубиле животот во јуни 1950 година на лето 2510 кој исчезнал над езерото Мичиген. Тој летал од Њујорк во Минесота, а телата , како ни остатоците на авионот никогаш не се пронајдени, па се прогласени за мртви.
„Флаинг Тајгер Лајн, лет 793“ Американски воен авион во 1962 година го напуштил Гуам со 20 патници и членови на екипажот и полетал кон Филипините на кои никогаш не стигнал. До ден денс не постои ниту еден релевантен доказ за тоа што се случило. „Бритиш саут Американ Ервејс“ Мистеријата на овој лет траела подолго од 50 години. Имено, толку требало за да се пронајде било каква трага на авионот кој во 1947 година исчезнал над Андите во текот на летот од Буенос Аирес до Сантијаго. Остатоците на моторот ги пронашле алпинисти во 1998 година, а експедицијата зад нив открила остатоци на жртви. Се верува дека авион пред падот предизвикал лавина која целосно го покрила. Малезиски авионНа оваа листа и се придружи и овогодинешното исчезнување на малезискиот авион, која стана вистинска мистерија и тема на разни теории на завера. После 8 март 2014 година сите 227 патници и членови на екипажот исчезнале на летот MH370.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




