04 Мај, 2024
0.0236

(ВИДЕО) Никој како Монфис

Објавено во: Стил 03 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Со својот несекојдневен потег, Францускиот тенисер ја воодушеви публиката на Ролан Гарос.

Можеби не спаѓа во самиот крем на светскиот тенис, но Гаел Монфис секако е еден од најголемите шоумени на Турот. Францускиот тенисер, за секој поен се бори до последниот атом на енергија, а покрај тоа секогаш е подготвен да ја забавува публиката.

Овој пат, Монфис со својт потег, им даде домашна задача на останатите играчи. Свој пат до третото коло на Ролан Гарос, Монфис го бараше во дуелот со Јан-Ленард Штруф. Се водеше голема битка, се играше третиот сет, кога Монфис за да спаси поен се фрли на песокот во голмански стил.

Германскиот тенисер пак, го имаше главниот збор за поен, „го шеташе“ Монфис лево, десно, а за да го заврши поенот му прати bekhend, но тогаш следеше парадата - рекетот полета во воздух а со него и Монфис.

На крајот поенот му припадна на Германецот, но Монфис заслужено доби аплауз на сите присутни гледачи. Целиот труд му се исплати на Монфис кој премина во следната рунда натпреварувања, така да публиката во Париз че има уште шанси да ужива во несекојдневната игра на 28 тенисер во светот.