05 Мај, 2024
0.0243

(ВИДЕО) Нов хит во Кина: подобро кучињата да личат на панди

Објавено во: Стил 16 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Сопственикот на пет шоп продавницата Хсин Чен тврди дека не може да ја задоволи побарувачката за кучиња од расата чау чау кои се обоени да изгледаат како панди.

„Слатките видови како францускиот булдог и лабрадор беа фаворити, но сега вистински хит се панда кучињата, изјави Чен чија продавница се наоѓа во кинеската провинција Сечуан.

Тој исто така додаде дека техниката на боење не е опасна за кучињата.

„Не користиме никакви хемикалии ниту пак ги злоставуваме кучињата, но цената на кучето значително расте поради трудот кој се вложува како би изгледале како панди. Додуша, на луѓето не им е проблем да потрошат повеќе пари бидејќи им се допаѓа да го свртат вниманието и погледите на луѓето на улица кога го здогледаат кучето панда“, вели тој.

Чен тврди дека сам е заслужен за оваа необична техника која обичниот пес го претвора во панда.

„Ја усовршив техниката и таа сега се шири низ целата земја. Со малку внимателно негување и боење, многу лесно е да се претвори куче во панда и тоа за само два часа. Новиот изглед на кучето ќе се задржи околу шест недели а потоа сопствениците ни ги враќаат на додатно средување“.