04 Мај, 2024
0.0229

(ВИДЕО) „Очи во очи“ со еден од најголемите стравови!

Објавено во: Стил 16 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Посетителите на Чикаго, но само оние најхрабрите, од овој викенд на располагање имаат нова атракција- 300 метри висок „видиковец“ од кој има спектакуларен поглед на градот.

Но, не станува збор за обичен поглед. Наречен е Тилт, сто значи падина, и е сместен во комплексот '360 Chicago' на 94 кат на Jhon Hanckok Towera.

Како што пишува Дејли Меил, Тилтот е направен од стакло и челична платформа, а како што звучи неговото име, се навалува нанапред овозможувајќи им на посетителите поглед на градот од птичја перспектива. Додуша, птица која всушност се вивнува надолу.

Чувството како да слетувате од висина преку 400 метри сигурно на многумина не им е пријатно, а за ова задоволство се плаќа пет долари. Исто така имате шанса да се соочите со еден од најголемите стравови-страв од висина.