20 Декември, 2025
0.0522

(ВИДЕО) Од овој човек Путин најмногу се плаши!

Објавено во: Свет 27 Декември, 2014 19:01

Добивај вести на Viber

Откако се распадна СССР, Русија сите овие години надвор од ѕидовите на Кремљ не успеа да најде сериозен политичар кој би се наметнал како конкуренција или дури алтернатива на претставникот на владеачката елита. Ни Елцин, ни Путин, сериозно не се доближил, освен некои озбилни бунтовници никнати внатре во тврдината нанруската моќ - Кремљ.

И сегашниот неприкосновен владар на Русија, Владимир Путин, немал на кој да му се плаши бидејќи „златната кремаљска опозиција“ никогаш не го загрозувала.

Но, изгледа дека во видикот на рускиот политички пејзаш се појави неординирана фигура која во Русија ја прогласуваат алтернатива на Владимир Путин, не размислувајќи за реалниот политички коефициент на дотичниот кандидат. Велат дека би можеле „нешто да направат“ и конечно претседателските избори  во 2018 година да ги направат неизвесни.

Тој можен, посакуван и бара Путинов наследник го нарекуваат - Навалјни. Алексеј Навалјни. На Путин му фрлил ракавица, иако, како што неодамна рекол, промена на режимот во Русија нема да се случи на изборите, со што дополнително ја вознемирил Русија, пренесува јутарнји.хр.

Навалјни е мал, убав и амбициозен политичар кој по цели 15 години власт на Путин успеал да се наметне како некој за кој се говори дека може барем да се обиде да ја загрози власта на кремљскиот владател.

-Тој е конечно светло на крајот на тунелот - вели за Навалјни Станислав Белковски, еден од водечките руски политиколози и автор на познатата книга за  Владимир Путин. Навалјни е човек кој одговара на руското политичко битие кои се дефинирало во транзационите времиња на постсоветска Русија. Тој е идеална харизматична силна личност која одговара на најшироките слоеви на руското друштво. Има 39 годни, пловокос, што значи дека е „од чиста крв и неспорен Русин“ (не можат да му ги избројат „туѓите крвни зрнца“). Образован е, правник, се дошколувал на Јеил и е од добро потекло - татко му Анатолиј бил офицер на советската армија, значи прифатлив е од тие патриотски-големоруски страни.

alexey-navalny-ap-3_ff

Во политичката смисла е западно ориентиран, но уште доволно голем Русин да не може да му се подметне да им се поклонува на странците. Имено, токму тоа и се очекува од него: Русија да ја „претвори“ во демократска национална држава од западноевропски тип, да стави крај на нејзината провинцијална конзервативна изолација и да ја позиционира во Евопа. Додуша, тоа се очекува од Навалјни но за да успее, Западот мора да ја прифати Русија како рамноправна и истозначна (голема) земја како себе си.

Иако понекогаш владее поинаква перцепција, Станислав Белковски смета дека прокремљската политичка, а во прв ред економска (олигарси) елита би го прифатила Алексеј Навалјни бидејќи таа сака себе (и своите наследници кои воглавно ги школува во најпрестижните англиски, американски, француски и германски училшта, колеџи и факултети) да се позиционира на Западот.

leksej-navaljni07apfoto-alexander-zemlianichenko_ff

Путин бил тој кој тоа требало да го овозможи, а сега кога е соочен со санкциите и отпаѓање од „современиот свет“ , растат и шансите за Навалјни.

Навалјни многу добро ја гради својата политичка кариера. Според социолошките истражувања, во 2011 година за него знаеле само шест посто од популацијата, а сега, три години подоцна, е општо призната политичка личност на руската сцена.

Според неодамнешните истражувања, за него на претседателските избори би гласале повеќе од 15 одсто од Русите, а на извештаите на неговото Антикорупциско здружение, кое се позиционирало како барометар на корупцијата во Русија ги донесува и открива корупциските афери на политичката елита им верува речиси 70 посто од Русите.

aleksej-navalni-ap_f

Навалјни апокалиптички заклучил дека главната пречка на промените не е Путин, туку фактот што „многу обични Руси не веруваат дека Русија има иднина“.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја