(ВИДЕО) Официјален извештај од германската полиција: Шаулиќ седел на совозачкото седиште
Објавено во: Општо 17 Февруари, 2019 13:55
Германската полиција објави официјален извештај од сообраќајната несреќа во која животот го загуби српскиот фолк пејач Шабан Шаулиќ.
-Во неделата утрото, во 06,50 часот ,на патот БАБ A2, во правец кон Дортмунд, во подрачјето на градилиште, се случила сообраќајна несреќа во која првично се регистрирани три тешко повредени лица и едно полесно повредено.
Автомобилот „мазда 6“ , со кој управувал 34 годишен маж Гутерслохер, ударил во возило „сеат ибица“. Возилата се излизале и забиле во банкини. Сите тројца патници во „сеат ибицата“ се сериозно повредени, а 34 годишниот Гутерслохер поминал со полесни повреди.
За повредените веднаш се погрижиле екипи на итната помош, кои ги префрлиле до најблиските болници. Совозачот на „сеатот“ им подлегнал на повредите во текот на утрото во болница.
Истрагата покажала дека 34 годишниот Гутерслохер (34) возел во пијана состојба и без дозвола-пишува во официјалниот извештај од германската полиција.
Светот остана без кралот на народната музика . Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреча во Германија, која ја доживеал после настапот во Билефелд во клубот Фаринда. Тој настапувал со колешката Теа Таировиќ, а потоа на пат кон аеродромот доживеал сообраќајна несреќа после која починал.
FOTO: WESTFALEN-BLATT.DE
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





