25 Април, 2024
0.0433

(ВИДЕО) ОСМАНИ СО ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ ДО ТИМОНИЕ: Што бара од амбасадорот?

Објавено во: Македонија 19 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи со видео порака на француски јазик на својот Фејсбук профил му се обрати на францускиот амбасадор,  Кристијан Тимоние за неговите забелешки околу носењето на Законот за употреба на јазиците.

„Целта на овој закон не беше триумфализам на Албанците во Македонија туку вистинска шанса за изградба на граѓанско мултикултурно општество. И носењето на овој закон е пораз за никого, туку придобивка, и не носи загуба за никој“- вели Османи. 

Османи истакнува дека на патот кон ЕУ интеграциите, неговите совети се добредојдени, но пред се неговата поддршка и помош.

Амбасадорот Тимоние му одговори на Твитер.

„Ви благодарам господине вицепремиер за вашиот искрен и аргументиран одговор, на француски јазик, што искрено многу ми значи. Сметајте секогаш на поддршката од Франција на вашиот пат кон Брисел. Ви посакувам демократска дебата во мирна атмосфера“ - напиша Тимоние.

Тимоние повеќе пати кажа дека Македонија има други реформски приоритети, а Законот за јазици не е еден од нив, и не е дел од европската агенда.

Минатата недела Тимоние изјави дека Законот е донесен на скандалозен начин, без консензус и цивилизирана дискусија и дека состојбата била разочарувачка. 


Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови