19 Декември, 2025
0.1867

(ВИДЕО) ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ: Човекот што го уби Осама бин Ладен не се плаши од одмазда

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2014 20:45

Добивај вести на Viber

Името на американскиот маринец кој во 2011 година го уби Осама бин Ладен е објавено и пред каналот Фокс да го објави интервјуто со него. Станува збор за 38-годишниот Роб О’Нил, повеќепати одликуван ветерен, кој по 16 години работен стаж во американската војска, неодамна стана мотивациски говорник. Неговите задачи во војската вклучувале следење и координација на операциите, а следел талибански лидери во Авганистан и цели во Ирак. Неговиот татко, Том О’Нил го потврди идентитетот на неговиот син за Дејли Мејл. „Луѓето постојано се прашуваат дали сме загрижени ако ИСИЛ дојде по нас, затоа што Роб излегува во јавност. Јас велам дека ќе нацртам голема мета на мојата влезна врата и ќе ги повикам да дојдат“, рекол Том. По убиството на Осама бин Ладен на 2 мај 2011 година, идентитетот на Роб се чуваше во најстрога тајност заради негова сигурност. Тој беше познат под прекарот „Стрелецот“. Во јавност одлучи да излезе сега наводно затоа што изгубил дел од воените привилегии кога ги напуштил маринците по 16 години служба, наместо да отслужи цели 20 години. А во текот на тие 16 години, одликуван е 52 пати. Со интервју за Фокс Њус, кое треба да биде објавено на 11 и 12 ноември, и во кое ќе ги опише настаните од мај 2011 година, Роб го крши кодексот за тајност на американските маринци. И претходно дал интервју за магазинот „Ескваер“, но без да го објави идентитетот, туку под псевдонимот „Стрелец“. Неговата одлука да проговори за убиството на најпознатиот терорист на светот ги разлути воените заповедници, кои им напишаа писмо на сите маринци за да ги потсетат на нивното ветување дека ќе избегнуваат публицитет. Тие порачале дека маринците не се тука за да ја рекламираат својата работа и да бараат признание за своите акции. Иако О’Нил ги напушти маринците и стана мотивациски говорник, во очите на воените структури, тоа не го ослободува од заклетвата. http://www.youtube.com/watch?v=dJYdTobSTsY

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја