17 Декември, 2025
0.0554

(ВИДЕО) Откриена причината заради која се урна хрватскиот воен авион

Објавено во: Балкан 05 Август, 2014 20:14

Добивај вести на Viber

Дефект на трапот за сопирање најверојатно е причина за уривањето на авионот МИГ на хрватското воено воздухопловство денеска. Во инцидентот пилотот на авионот успеал да се спаси така што се катапултирал. Станува збор за авион кој не бил на последниот сервис на хрватските воени авиони во Украина и бил сервисиран последен пат пред 12 години. Откако откажала хидрауликата во трапот за сопирање, моторот на авионот се запалил.Пилотот можел единствено да се катапултира, но претходно се обидел да го пренасочи авионот кон ненаселено место. Сепак делови од авионот паднале во дворови на семејни куќи. Исто така, тој направил уште неколку круга за да потроши што повеќе гориво, за штетата од експлозијата на земја да биде помала. http://www.youtube.com/watch?v=WUD1ojGNYjM „Станува збор за авион на кого временскиот ресурс практично му е истечен. Ова не требаше да биде негов последен лет, но факт е дека овој авион беше оставен во употреба само затоа што доцнеа оние авиони кои беа на ремонт во Украина, инаку не би бил“, вели заповедникот на хрватското военов воздухопловство Дражен Шчури. Во моментот на откажувањето, авионот се наоѓал на висина од 500 метри и возел со брзина од 400 километри на час, а му биле потребни само 15 секунди за да слета. Хрватската војска и дополнително ќе ги истражува причините заради кои откажал авионот и евентуалната одговорност. Само неколку часа претходно тој учествувал во парадата и свеченото прелетување на Книн, во чест на хрватскиот Ден на победата и годишнината од акцијата „Бура“.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни