18 Мај, 2024
0.0374

(ВИДЕО) Оваа реклама предизвика повеќе од 500 сообраќајни незгоди во Москва!

Објавено во: Стил 20 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

За да го привлече вниманието на клиентите и да го промовира новиот вид на огласување, маркетиншката агенција „AdvTruck“ се одлучи за вид на реклама која за последица имаше повеќе од 500 сообраќајни незгоди за само еден ден.

За што всушност станува збор?

Оваа агенција постави на 30 камиони кои се движат низ улиците на Москва, билборди со фотографија на женски гради и натпис „тие привлекуваат“. Руските возачи очигледно биле воодушевени од глетката, но и деконцентрирани бидејќи оваа глетка на сексапил, за само еден ден, предизвика дури 517 несреќи.

За да се спречат нови несреќим полицијата привремено ги исклучила од сообраќај сите 30 камиони и им забранила возење се додека фотографиите со голи гради не се тргнат од нивните страни.

Во агенцијата која ја организирала кампањата рекле дека ќе ги обесштетат сите возила кои имале незгода.