(ВИДЕО) Петте најголеми закани за човештвото до 2050 година
Објавено во: Мои пари 26 Јули, 2014 19:53
Често во медиумите можеме да слушнеме термини кои би требало да не исплашат: климатски промени, технолошки криминал, одржливост... Колку се навистина опасни овие работи по нашата палнета и човечкиот род? Ова се петте најголеми закани на човештвото до 2050 година според тврдења на водечките научници и економисти.
1. Миграција
Милиони луѓе до 2050 година би морале да се селат поради климатските промени. Промената од само 3 степени целзиусови би можела да доведе до егзодус на 600 милиони луѓе.
Да биде уште полоша работата, научно е потврдено дека за новите климатски промени се одговорни токму луѓето.
2. Поплави
Бреговите ширум светот се изложени на големи опасности поради порастот на морињата. Шансите да биде поплавен Менхетен се зголемени за 20 одсто од 19 век.
Поплави на шеталиштата во Њу Јорк се случувале еднаш во 100 години, сега се случуваат на секои 4 или 5.
3. Глад
До 2050 година се очекува околу 20 милиони деца да бидат гладни во Азија, Африка и Латинска Америка.
Сето ова се случува поради падот на придонесите за житарици во последните неколку години.
4. Болести
Зголемени температури, влажност и несвестици ќе доведат до селидби на инсектите кои пренесуваат опасни болести во новите локации.
Кога се искомбинираат продолжените лета и се поголем број на луѓе кои летаат од еден крај на светот на друг, тоа ќе доведе до нови глобални пандемии.
5. Војна
Развојот на технологијата ќе доведе до ескалација на сајбер војната.
Сиромашните држави автоматски ќе бидат во многу неповолна положба.
Тоа лесно би можело да доведе до повеќе нуклеарни војни.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија








