(ВИДЕО) Почна лудницата во Албанија: Навивачите палат бакли од автомобили, хеликоптери надлетуваат наоколу!
Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2015 17:23
Денес во 20:45 ч во Елбасан, Албанија, се игра веројатно најризичниот натпревар на годината. Албанската фудбалска репрезентација ги дочекува фудбалерите на Србија во квалификациите за ЕВРО 2016 год. Домаќините имаат уште шанси за пласман, додека гостите и теоретските ги изгубиле.
Првиот натпреват во квалификациите на овие репрезентации , минатата година во Белград заврши со прекин откако дрон со знамето на Голема Албанија покрена нереди меѓу навивачите на стадионот Партизан.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/MqBe9IVXc2E[/embed]Во Албанија затоа се спроведуваат ригорозни мерки на контрола на стадионот „Елбасан Арена“ на кој вечерва се игра натпреварот. Полициски екипи ги преконтролирале трибините и ложите на стадионот (во која нема да биде српскиот премиер Вучиќ, додека хеликоптери го надлетуваат градот, што забележале и камерите на e "ACB news Albanijа“.
Притоа илјадници албански навивачи пристигаат во градот и веќе почнаа со навивачи и палење на баклите. Наводно неколку “гробари“ т.н. навивачи на Партизан од Белград стигнале до стадионот.
Интересно што забележавме дека таму се наоѓаат и албански навивачи од Македонија со автомобил на тетовски регистарски таблици.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/576yIW-v86I[/embed]Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




