(ВИДЕО) Почнува „Фчерашни новости“ – нова хумористична емисија
Објавено во: Мои пари 22 Април, 2016 09:17
Под слоганот „Чекор зад сите“, во недела во 19:15 часот на телевизија „Телма“, веднаш по вестите, ќе се емитува првата епизода на „Фчерашни новости“. Се работи за нова хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.
-Сакаме да пополниме една дупка што во последно време ја констатираме не само ние туку и пошироката публика. На телевизиите недостига хумор, а особено сатира. Домашната продукција е многу слабо застапена. Изборот се турски серии и вести. Ние ќе понудиме нешто ново. Мислам дека емисијата ќе биде прифатена и одстаро и одмладо... што би рекле политичарите, ќе ја гледаат сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност – вели Огњановски.
Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, ќе се обработува атактуелни теми од секојдневниот живот. „Фчерашни новости“ премиерно ќе се прикажува секоја недела на „Телма“, а ќе се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици, како и на официјалниот „Јутјуб“ канал на емисијата.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/M8Q_3rs0aOY[/embed]Можеби ќе ве интересира
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“
Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026





