18 Декември, 2025
0.0547

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ ИЛИР МЕТА: Го тегнат од лимузината, а тој се противи

Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2024 19:25

Добивај вести на Viber

Полицијата во Албанија го уапси екс претседателот Илир Мета. 

На снимка се гледа како го влечат од лимузината, а тој се противи.  Го уапсија на влезот во Тирана додека се движел кон местото каде што требало да одржи прес конференција, а според информациите, најверојатно е уапсен поради случајот со кој бил поврзан за корупција и одбивање да пријави имот, јавува Јуронуз Албанија.

Адвокатот на Мета се повика на снимката прикажана од локалните медиуми на која се гледа како маскираната полиција запира црн автомобил и го изнесува Мета, кој изгледа како да дава отпор. Веста ја потврди и поранешниот премиер Сали Бериша, кој тврди дека се работи за политичко апсење.

„Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, ниту документи, но ги извршија наредбите на (албанскиот премиер) Еди Рама, кој со сите средства се обиде политички да го елиминира Илир Мета, а можеби и физички. Еди Рама, како што јас го осудив во минатото, е вмешан во исчезнувањето на лица на незаконски, противуставен начин“, објасни Бериша.

Мета претходно беше повикан од СПАК во Обвинителството, поради случајот ЧЕЗ ДИА, кој се однесува на имотна истрага и лобирање. Претходно австрискиот весник „Кронен цајтунг“ објави дека Илир Мета и ЛСИ (сега Партија на слободата) платиле 700.000 долари за лобирање во САД. Случајот ЧЕЗ ДИА потекнува од 2009 година, а девет приватни фирми добиле 12 милиони долари од ЧЕЗ од договорот за наплата на неплатени долгови. Најголем дел од средствата добил „Дебт Интернационал Менаџмент“ со администратор Кастриот Исмаили.

Портпаролот на Партијата за слобода, Теди Блуши, апсењето на Мета го нарече „неодговорен чин“, велејќи дека СПАК со овие постапки се обидува да ја „елиминира опозицијата“.


Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии