05 Декември, 2025
0.1319

(ВИДЕО) „ПОСТОИ НЕШТО ПОВРЕДНО ОД ПОДАРОКОТ“: Ѓоковиќ со уникатна честитка за Божиќ

Објавено во: Стил 25 Декември, 2019 15:03

Добивај вести на Viber

Секогаш знае да биде уникатен. Српскиот ас во тенисот Новак Ѓоковиќ, на посебен начин им се обрати на оние кои по грегоријанскиот календар го слават Божиќ.

Најдобриот тенисер на сите времиња по пат на Твитер упати порака на англиски јазик, која ја започна со песна од познатата празнична мелодија.

-Ви посакувам многу здравје, среќа, љубов, радост, најубавото квалитетно време со вашите најдраги и на сите вас 2020 година да ви биде најдобрата година досега. Дедо Мраз веќе ми донесе некои подароци, се надевам дека и вие ќе ги добиете, но најважно е да го имате чувството на среќа во срцето во овој прекрасен дел од годината. Уживајте“ - рече Ѓоковиќ.


По учеството на новото натпреварување, АТП купот, кој почнува на 3 јануари во Австралија, Новак го очекува турбо сезона а тука е и Австралијан опен кој почнува на 20 јануари во Мелбурн.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: