(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО АЛЖИР, ИТАЛИЈА, ГРЦИЈА: Загинаа над 40 луѓе
Објавено во: Свет 27 Јули, 2023 17:15
Медитеранот гори, а во смртоносни пожари загинаа повеќе од 40 луѓе.
Настрадаа луѓе во Алжир, Италија и Грција, а илјадници се евакуирани затоа што медитеранските пожари им се закануваат на селата и одморалиштата. Тим на научници за климатизација – World Weather Attribution Group – изјави дека овој месец интензивниот топлотен бран во јужна Европа, Северна Америка и Кина би бил практично невозможен без климатските промени предизвикани од човекот. Целиот остров Родос е во вонредна состојба, а пожари беснеат и на Крф, Евија и Халкидики. Сегашниот долг топлотен бран се очекува температурите да се искачат над 44 Целзиусови степени во делови од Грција. Министерството за цивилна заштита во средата предупреди на „екстремна опасност“ од пожар во шест од 13 региони во земјата. Двајца пилоти загинаа на островот Евија, северно од Атина, кога нивниот противпожарен авион се урна во провалија. На друго место на островот, јагленисано тело на маж беше пронајдено во оддалечена селска колиба. На островот Родос, над 20.000 луѓе се евакуирани од своите домови и одморалишта на југот во последните денови. Илјадници луѓе се евакуирани и во Евија и Крф, а Крит – уште една голема дестинација за одмор – е во состојба на готовност. Пожарите во Сицилија и Пуља принудија илјадници луѓе да избегаат. Поради силните ветрови и сувата вегетација, пожарникарите мака мачат да изградат противпожарни бариери во многу области.
Брачна двојка на 70-годишна возраст е пронајдена мртва во изгорена викендичка во близина на Палермо, откако пожарот се приближил до границата на градскиот аеродром. Во близина на градот настрадала и 88-годишна жена.
На копното, во Калабрија, источно од Сицилија, 98-годишен маж е зафатен од пламен во неговиот дом, а неговата ќерка и зет се здобиле со изгореници додека се обидувале да го спасат.
Шумскиот пожар во регионот Фоџа, на италијанскиот брег на Јадранот, принуди евакуација на 2.000 луѓе од хотели и кампови. Пожарот се приближил до Виесте од блискиот национален парк.
Најголем број жртви досега се забележани во Алжир, каде има 34 жртви, меѓу кои и 10 војници кои беа зафатени од пламен за време на евакуација во крајбрежната провинција Беџаја, источно од главниот град на Алжир. Беџаја е најтешко погодената област каде што загинаа 23 луѓе.
Wildfires are currently devastating several parts of the Mediterranean basin's coasts and islands. Algeria, Tunisia, Italy, Greece are fighting fires
— Massimo (@Rainmaker1973) July 25, 2023
This is Sicilypic.twitter.com/qO3rb79nzM
Можеби ќе ве интересира
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација




