15 Декември, 2025
0.0551

(ВИДЕО) Познатите имаат нешто да ти кажат: Твојот глас треба да се чуе, ама од тебе зависи!

Објавено во: Мои пари 05 Февруари, 2015 17:05

Добивај вести на Viber

Во изминатиот период Димитар, Салаетин, Марко, Миа и Габи, Ламбе и Нина, Жан, Есма, Наташа и Дани, Мартин и Анита, како и Емилија и Симона, Баже и ДЈ Шорти од нашата држава ги зближи една иста идејаДа помогнат да се крене гласот против климатските промени и да се направат напори за подобрување на нашата животна средина. 

Пред објективот на камерите, познатите имаа да кажат по нешто свое. Некој зборуваше за тоа како загаденоста на воздухот влијае врз здравјето на луѓето, друг за штетите кои го предизвикуваат растот на температурите и зачестените бури и поплави, но сите едногласно заклучија дека покрај напорите што се прават на глобално и национално ниво и секоја личност може да даде свој придонес во борбата против климатските промени и да направи разлика со иновативни идеи и промени во секојдневниот начин на живеење.

Но најгласната порака беше единствена и кратка: #OдTебеЗависи! 

Цел на конкурсот е да се поттикнат граѓаните да предложат иновативни идеи за намалување на своето влијание врз климата како и да се подобри урбаната отпорност во однос на климатските промени. Граѓаните можат да дадат паметни и иновативни предлози за тоа како можат тие самите да придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови и адаптација на климатските промени кои директно влијаат врз нивното живеење. Предизвикот е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Амбасадата на Шведска, Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), Милиеуконтакт Македонија и Центарот за социјални иновации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Погледнете ги пораките на: Димитар Атанасовски, Салаетин Билал, Марко Новески, Габриела Додевска, Миа Костова, Ламбе Алабаковски, Нина Јанева, Жан, Есма Реџепова, Наташа Илиевска, Дани Димитровска, Мартин Стефановски, Анита Љатифи, Емилија Бунтевска, Симона Станковска, Баже Илијоски ,   Владимир Блажев-ДЈ Шорти и започнете со подготовка на вашата идеја за спротивставување на климатските промени.

Провери ги деталите на: www.odtebezavisi.mk и Аплицирај веднаш! Повикот трае до 28 февруари, 2015 година!

Можеби ќе ве интересира

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026