18 Декември, 2025
0.0400

(ВИДЕО) Протече снимката која „CNN“ ја подготвувала во случај на судниот ден

Објавено во: Свет 06 Јануари, 2015 19:31

Добивај вести на Viber

Пред 34 години, за време на почетоците од емитувањето на „CNN“, основачот на првата 24 часовна информативна телевизија, Тед Тарнер, дал големи ветувања за својот нов работен потфат. „Доколку ги отфрлиме можните проблеми на нашиот сателит, нашата програма ќе се емитува се до судниот ден“, рекол Тарнер и го подготвил последното видео кое би се емитувало на овој канал пред можна апокалипса. Луѓето тогаш мислеле дека ексцентричниот тајкун само се шегува се до неодамна кога една американска веб страница не го објави видеото на „CNN“ кое било подготвувано за последниот ден. „Имаме доказ дека не станувало збор за шала“, напишал Мајкл Балабан кој порано работел во „CNN“ а кој сега работи во веб сајтот кој го објави ова видео на кое може да се види едноминутна изведба на песната „Nearer My God To Thee“ од страна на воениот оркестар. „Оваа снимка би требало да ја пушти последниот преживеан работник во „CNN“ пред и тој да умре од радијација, зараза, зомби или било кое друго апокалиптични сценарио“, напишал Балабан. Според неговите зборови, видеото и ден денес е сочувано во интерната архива под името „Turner doomsday video“ и означено со зборовите „HFR (Hold for release) till end of the world confirmed“, односно да не се емитува додека не се добие потврда дека на светот му дошол крајот. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=TMgOmYw1wJo[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела