06 Декември, 2025
0.0655

(ВИДЕО) Прв пат снимено: Како ракот се шири низ човечкото тело?!

Објавено во: Стил 10 Ноември, 2014 19:35

Добивај вести на Viber

Научници од Институтот Џон Хопкинс кој се занимава со нанобиотехнологија се заслужни за визуелизацијата на патот на клетките на ракот од тумор во крвоток и неговото ширење по телот во процесот на метастаза. За да ја оживеат визуелизацијата во вистинско време научниците користеле вештачки садови направени во лабараторијата на Питер Сеарсон, директор на Институтот Џон Хопкинс

Крвниот сад претставува цилиндрична цевка обложена со човечки ендотелијани клетки која се чува во гел од колаген, структурен протеин на телото кој го поддржва ткивото. Мала група на метастазиран рак на дојката се става во гелот со крвниот сад, а течноста со хранливи материи се вбризгува низ цевка како би се имитирал протокот на крв. Со помош на флоуросцентни маркери научниците можеле да го следат минувањето на клетките на рак неколку дена притоа снимајќи се.

Снимката прикажува клетки на рак креираат тунел до сидот на симулираниот сад, после што клетката се обликува во лажичка па после неколку дена со помош на силата која ги разбива ендотелијалните клетки, се ослободува од сидот на клетката од внатрешната страна. После тоа низ телото се уште го носи крвотокот.

На научниците следна цел им е да ја искористат вештачкиот крвен сад како би истражиле разни стратегии во лекувањето на рак. Желбата им е да се подобри методот на пронаоѓање и неутрализирање на тумори кои се отпорни на лекови.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: