20 Декември, 2025
0.1522

(ВИДЕО) ПУТИН: Југословенското сценарио не им успеа во Русија!

Објавено во: Свет 04 Декември, 2014 11:56

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одржа своето традиционално обраќање пред рускиот Парламент и изнесе сериозни обвинувања дека „противниците се посилно ја напаѓаат Русија кога таа се повлекува и оправдува за своите постапки“. Истовремено, тој додаде дека во светот постојат сили кои сакаат да ја видат Русија распарчена „по југословенското сценарио“. „Со задоволство би не пуштиле по југословенското сценарио на распад и поделба со сите трагични последици што тоа би ги донело за рускиот народ. Но не се случи тоа. Не дозволивме“, рече Путин, нагласувајќи дека Русија не му го дозволива тоа своевремно ниту на Хитлер. Рускиот претседател им се заблагодари на граѓаните за нивната солидарност у поддршка во моменти во кои се решава иднината на земјата и притоа нагласи дека „разговорот со Русија од позиција на сила е бесмислен“. Путин верува дека политиката зауздување на Русија не е смислена од вчера, туку дека се спроведува секогаш кога некој смета дека оваа земја станува премногу самостојна. Очекувано, во својот говор, тој не ги одмина ниту западните санкции кон Москва, за кои вели дека се штетни за сите, па и за оние што ги воведуваат. „Русија нема намера да ги урива односите со Европа и Америка“, категоричен е Путин. Обединувањето на Крим и Севастопол со руската територија го нарече историско, со оглед на тоа што Крим за Русија има огромно цивилизациско и сакрално значење. Овој традиционален говор за состојбата на нацијата е настап на кој рускиот претседател ги изнесува ставовите за основните правци на руската политика, не само во претстојната година, туку и во иднина. Ова е 11-то обраќање на Путин во ова својство, а во Кремљ неговиот говор денеска го следеа повеќе од 1.000 гости - пратеници од двата дома на рускиот Парламент, членови на Владата, раководители на Уставниот и Врховниот суд, претставници на локалните власти и на верските заедници во Русија, првите луѓе на водечките медиуми и општествени и јавни работници. „Ние немаме намера да влегуваме во скапа трка со вооружување, но притоа сигурно и гарантирано ќе ја обезбедиме одбранбената способност на нашата држава во новите услови. Тоа ќе биде направено. За тоа постојат можности и за нестандардни решенија“, најави Путин. http://www.youtube.com/watch?v=WHkrJxGXRho

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја