19 Декември, 2025
0.0541

(ВИДЕО) САД се смрзнуваат на температури под нулата, студот однесе четири животи!

Објавено во: Свет 19 Ноември, 2014 12:07

Добивај вести на Viber

Температурите во сите американски сојузни држави вчера се спуштија под нулата, во необичниот силниот бран на студено време за овој период од годината пшто ги зафати САД. Во државата Њујорк, обилниот снег и студот веќе се причина за смртта на четири лица. Од студот се зафатени сите американски држави, па дури и Хаваи, објави Националната метеоролошка служба. Вчерашното утро беше најладно ноемвриско утро во САД уште од 1976 година! Ваков студен бран обично ја зафаќа оваа земја кон крајот на декември. Најлошо било во округот Ери, во западниот дел на државата Њујорк, каде снежната покривка веќе изнесува метар и половина, а снегот не престанува да паѓа. Четири лица загинаа, од кои едно во сообраќајна несреќа предизвикана од лоши услови на патот, а три од срцев удар додека го чистеле снегот. „Ова е веројатно полошо од се што сум видел во изминатите 40 години. Ќе ни треба време да се ископаме од овој снег“, рекол градоначалникот на Бафало Бајрон Браун. Многу патници останале заробени на сообраќајниците. Снегот паѓа со брзина од 13 сантиметри на час, со што во опасност е доведен и досегашниот американски рекорд за паднат снег, кој изнесува 193 сантиметри за 24 часа. Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо прогласи вонредна сосотојба во десет окрузи во западниот дел од државата. http://www.youtube.com/watch?v=5x5SzBZNfEQ

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја