20 Декември, 2025
0.0335

(ВИДЕО) Савка Димитрова: Знаев да избркам работник за ситна кражба

Објавено во: Економија 20 Септември, 2024 09:54

Добивај вести на Viber

Савка Димитрова беше долгогодишен директор на АД Европа со преземање на позицијата од 1987, а сега е гостин во најновото издание на поткастот „Бизнис Муабети“ со Мишко Иванов.

Зборува за стереотипите кои своевремено ги обременувале жените менаџерки, но за неа не постоеле емоции ако се работи за недисциплина.

Тоа што е во интерес на фирмата - ако е злоупотребено, тука ми е чиста совеста дека настапот требало да биде таков

Димитрова зборува за предизвиците со тогашната инфлација и нестабилен курс на динарот, но и за таканаречените „златни времиња“ на Европа и како било избегнато грчкото ембарго. Со кондиторскиот производител минала 44 години, а кога била на чело немала работно време, односно и кога била дома „работела до затворање на производството навечер“.

Во еден момент компанијата имала извоз во 20 земји надвор од југословенскиот пазар, а во едно време тој достигнал 64 отсто од продажбата во постјугословенскиот период. Голем проблем претставувале и регулациите во новите југословенски држави кои внесувале забуни во планирањето на производството.

Во Австралија најмногу се продавале наполитанките и популарните „бастуни“, а во САД најмногу ги барале бонбоните. Димитрова зборува и за регионалните и европски кондиторски гиганти, а за „Нестле“ и „Милка“ вели дека ги поседуваат плантажите со највалитетно чоколадо.

Таа е дипломиран технолог и работела во секторот за чоколадо, а во интерес на фирмата „го изучила менаџерскиот занает“ за да стане генерален директор. 



Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба