(ВИДЕО) Се колеше бик пред градоначалникот Курто Дудуш во Шуто Оризари
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2020
Градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш, на својот фејсбук профил сподели видео од колење на бик, кое се одвива пред една куќа во општината, набљудувано и од неколку локални жители.
Потоа тој дава една долга изјава на ромски јазик, од која може да се разбере дека станува збор за колење на бик, кој потоа ќе биде употребен за народна кујна.
Од неговата изјава може да се разбере и дека при овој чин биле исполнети хигиенските услови и се почитувале сите стандарди.
Колку е тоа така можат да проценат самите наши читатели.
Не е познато ниту како на ова видео ќе реагираат здруженијата за заштита на жовотните.
Погледнете го видеото.
Курто Дудуш лани ја доби наградата „Најпријателски ромски градоначалник“ за 2019 година. Наградата се доделува во рамки на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на Западен Балкан и Турција".