(ВИДЕО) ШАНГАЈ-„ЗЕМЈА НА ЧУДАТА“ - Никнува хотел со 16 ката под земја
Објавено во: Стил 18 Август, 2018 14:38
Луксузниот хотел "InterContinental Shanghai Wonderland", кој скоро целиот се наоѓа под нивоа на земјата, односно во длабока јама на некогашниот каменолом во југозападен Шангај, ќе биде отворен до крајот на оваа година.
Од вкупно 18 ката на хотелот, два се наоѓаат над земјата, додека дури 16 катови на огромна градба се наоѓаат под нивото на тло, вклучувајќи ги и тие два ката кои се под вода.
Хотелот се простира на површина од 61 000 квадратни метри.
Ќе има 336 соби и апартмани со балкони од кои гостите ќе можат да уживаат во спектакуларен поглед на водопади од околните карпи.
За разлика од вообичаениот архитектонски концепт на висока изградба, овој хотел од останатите објекти се разликува по неконвенционално користење на простор под тло.
Допирајќи до длабочина од 88 метри под земја, хотелот го преобликува односот помеѓу градот и природата претворајќи го напуштениот каменолом во чудесна атракција која сигурно ќе привлече голем број посетители.
Проектот на хотелот го направила Shimao Grupa, а истиот ќе го управува една од водечките хотелски компании IHG.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





