(ВИДЕО) ШТО СЕ СЛУЧУВА : На уште еден малезиски авион му се изгуби секаква трага!
Објавено во: Свет 28 Декември, 2014 10:16
Авион на „Ер Азија“ не летот од Сурабје до Сингапур во Индонезија исчезна од радарот во 7 часот и 24 минути по локално време со 162 патници и членови на екипажот, објавуваат индонезиските власти. Во тек е потрага за исчезнатите.
Од индонезиското Министерство за сообраќај е речено дека авионот исчезнал над Јаванско море како и дека пилотот побарал од контролата на летот невообичаена рута на прелет поради невремето.
Веднаш по исчезнувањето на авионот од радарот властите на двете земји покренале истрага, но леталото не е пронајдено иако поминаа веќе шест чаша од кога е изгубен контактот.
Акцијата на потрага за исчезнатите е во тек.
„Според нашите податоци , во авионот кој летал од Сурабија кон Сингапур, имало 162 патници и членови на екипажот. Меѓу нив се 149 Индонезијци, тројца Корејци, Сингапурец, Британец и една Малезијка. Формиравме контакт центар за да одговараме на сите прашања за роднините и пријателите на патниците“ наведува министерството за сообраќај нa Индонезија.
Овој инцидент доаѓа на крајор на тешката година за малезиската авио-компанија, која во текот на 2013 изгубила два свои авиони - еден во март а другиот во јули.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја






