18 Декември, 2025
0.0500

(ВИДЕО) Смртоносен земјотрес ја погоди Турција, се тресеше Баликесир

Објавено во: Свет 11 Август, 2025 16:42

Добивај вести на Viber

Еден загинат и 29 повредени има во земјотресот кој синоќа ја погоди Турција. 

Станува збор за земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала што го потресе регионот Баликесир, а го почувствуваа во Истанбул и многу други градови.

Осумдесет и едногодишен маж почина откако го извлекоа жив од урнатините на станбена зграда во Сундерга. Ова го потврди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. 

„Вложени се сите напори да се спаси откако беше извлечен жив од урнатините, но за жал тие беа неуспешни“, изјави министерот, цитиран од весникот „Милиет“.


Тој рече дека состојбата на 29-те повредени не е сериозна и нема опасност по нивните животи. Уништени се 16 згради во руралните области.

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека операциите за пребарување и спасување се прекинати преку ноќ. За денеска е закажан увид на штетите на зградите. Од соседните области е испратено засилување. Граѓаните се предупредени да не влегуваат во оштетените згради.

Опсерваторијата Кандили објави дека главниот земјотрес во регионот Баликесир бил проследен со три последователни потреси со магнитуда од 4,6, 4,1 и 4,0 и околу 15 со магнитуда над 3. 

И претходните години во Турција имаше силни земјотреси кои однесоа многу жртви, а уништени беа и многу објекти. 


Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина