07 Јануари, 2025
0.1582

(ВИДЕО) СНИМКИ ОД ЦEТИЊЕ: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот

Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Различни верзии се појавија во црногорската јавност по масакрот кој на 1 јануари се случи во Цетиње, каде напаѓачот Ацо Мартиновиќ уби 12 луѓе. 

Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека земјата се бори со хроничен недостиг на полициски кадар, додека вршителот на должноста директор на полициската управа Лазар Шќепановиќ ја обвини претходната влада за процут на организираниот криминал во последните три децении.

Поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ ја критикуваше полицијата за бавноста, наведувајќи дека со часови не може да ги пребројат жртвите. Од друга страна, поранешниот премиер и лидер на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, тврди дека полицијата не можела да го идентификува напаѓачот во клучни моменти и го помешала со еден од нивните инспектори.

„Двајца полицајци забележале дека едниот меѓу нив не комуницира со другите. Кога се обиделе да го повикаат, тој почнал да бега. Тогаш сфатиле дека им се измешал на полицајците“, рекол Абазовиќ.

Полициското одделение ги отфрли неговите тврдења како неточни и злонамерни, нагласувајќи дека има докази од надзорните камери кои ја потврдуваат нивната верзија за настаните.

„На видеото јасно се гледа како тактички единици со вперено оружје го опкружуваат напаѓачот и му наредуваат да го фрли оружјето и да се предаде. Мартиновиќ потоа се нашол во безизлезна ситуација и извршил самоубиство“, се вели во соопштението на полицијата.

Порталот ETV.me објави подолга верзија на снимката од надзорната камера која ги оспорува официјалните тврдења. На видеото од 22 секунди се гледа како Мартиновиќ шета низ дворот и се упатува кон улицата.

Пред него се гледаат вооружени полицајци како трчаат и се поставува прашањето дали воопшто биле свесни во тој момент дека напаѓачот доаѓа директно кон нив од страна.

Во еден момент тие ги свртуваат светлата кон него и се враќаат, по што Мартиновиќ паѓа.

Црногорската полициска управа наиде на критики бидејќи на видеото од пет секунди што го објавија не се гледа ништо друго освен силуета на маж кој шета низ снегот во дворот, а недостасуваат клучните моменти кои го разјаснуваат целиот контекст на пресметката на масовниот убиец со полицијата. 


Министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ подоцна изрази жалење за неговата претходна изјава во која ги повика граѓаните „да се вратат во нормален живот“.

Градоначалникот на црногорскиот град Цетиње Никола Ѓурашковиќ, свика одржување на итна седница на градското собрание поради трагедијата што се случи на 1 јануари годинава, во која жител на градот уби 12 луѓе и рани 4, пренесува српска Политика.

Се очекува да предложи оставка на политичкото раководство на безбедносниот сектор, како чин на преземање објективна одговорност.

Полициската управа на Црна Гора соопшти дека граѓаните во последните три дена во повеќе црногорски градови доброволно вратиле 19 пиштоли, 14 пушки, 496 парчиња муниција, како и повеќе делови од оружје. Оружјето го вратиле како дел од кампањата „Почитувај го животот, врати го оружјето“ која се спроведува долги години.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ТРАГАЧ ОД „ПОТЕРА“ РЕЖИСЕРОТ МИЛИНКОВИЌ ПОЧИНА НА БОЖИКНА ЛИТУРГИЈА: Му се слошило во црквата во Јабуковац

ПОЗНАТИОТ ТРАГАЧ ОД „ПОТЕРА“ РЕЖИСЕРОТ МИЛИНКОВИЌ ПОЧИНА НА БОЖИКНА ЛИТУРГИЈА: Му се слошило во црквата во Јабуковац

ЌЕ СЕ ГРАДИ НАЈСКАПИОТ АВТОПАТ ВО ВРЕДНОСТ ОД НАД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА: „Поврзувањето на Дубровник нема цена“

ЌЕ СЕ ГРАДИ НАЈСКАПИОТ АВТОПАТ ВО ВРЕДНОСТ ОД НАД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА: „Поврзувањето на Дубровник нема цена“

ХОРОР И ЛОШИ ВЕСТИ НА БАДНИК: Пукање во кафеана во Јагодина, неколкумина повредени, брза помош на лице место

ХОРОР И ЛОШИ ВЕСТИ НА БАДНИК: Пукање во кафеана во Јагодина, неколкумина повредени, брза помош на лице место

КРВАВИОТ НАПАД ТРАЕЛ САМО ПОЛОВИНА ЧАС: Откриени застрашувачки детали од масакрот во Цетиње

КРВАВИОТ НАПАД ТРАЕЛ САМО ПОЛОВИНА ЧАС: Откриени застрашувачки детали од масакрот во Цетиње

ЕВЕ ЗОШТО МАСОВНИОТ УБИЕЦ ОД ЦЕТИЊЕ ГИ УБИЛ ЧЛЕНОВИТЕ НА СВОЕТО СЕМЕЈСТВО: Полицијата претходно го испратила на психијатар, но едно нешто спречило да биде приведен

ЕВЕ ЗОШТО МАСОВНИОТ УБИЕЦ ОД ЦЕТИЊЕ ГИ УБИЛ ЧЛЕНОВИТЕ НА СВОЕТО СЕМЕЈСТВО: Полицијата претходно го испратила на психијатар, но едно нешто спречило да биде приведен

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕТИЊЕ ЌЕ БАРА ОСТАВКИ: Поради масакрот ќе бара и повеќе полицајци во градот

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕТИЊЕ ЌЕ БАРА ОСТАВКИ: Поради масакрот ќе бара и повеќе полицајци во градот

НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Сараево е на 3-то место

НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Сараево е на 3-то место

НАЈМНОГУ НОЌЕВАЊА ИМАЛО ВО ДУБРОВНИК: Колку туристи ја посетиле Хрватска лани?

НАЈМНОГУ НОЌЕВАЊА ИМАЛО ВО ДУБРОВНИК: Колку туристи ја посетиле Хрватска лани?

ПОРАДИ МАСАКРОТ ВО ЦЕТИЊЕ: Во Србија е Ден на жалост

ПОРАДИ МАСАКРОТ ВО ЦЕТИЊЕ: Во Србија е Ден на жалост