15 Мај, 2024
0.0251

(ВИДЕО) СОВРШЕНСТВО: Најскапиот имот во САД дефинитивно е овој!

Објавено во: Стил 17 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

„La Palais Royal“, величенствениот имот инспириран од француската ера на „ Beaux Arts“, кој се наоѓа на Флорида, само што пристигна на пазарот...

По цена од 139 милиони долари, оваа градба во форма на палата моментално е најскап имот од овој тип во САД. Има околу 6500м2 простор, а се наоѓа на имот од 4 хектари,  а поседува и приватна плажа. Моментално е во последната фаза на изградба, а ќе биде завршена пред крајот на следната година. Во цената по која се продава се вклучени и префинети завршни детали. Исто така во нејзини рамки се наоѓа простор во кој може да се собере и мегајахта со должина од 185 чекори, како и подземна гаража за преку 30 автомобили.

Величенствената капија, декорирана со 22 каратни златни листа, грандиозна фонтана на влезот (една од шестте), како и мермерните скалила од два милиони долари , за чија изградба биле потребни две години се само некои од луксузните детали на оваа вила. Има 11 спални соби и 17 тоалета, со три мастер апартмани и еден претседателски апартман во кој има и џакузи со поглед кон океанот.

„La Cuisine du chef“ ќе поседува  „La Cornue Grand Palais“ прилагоден асортиман на мебел направен по мерка, од високо квалитетно махагони дрво со декор од злато. Семејната соба ќе има огромен „Living Color“ аквариум во кој ќе биде сместен и HD 3D TV Set.

 Еден од екстравагантните елементи на кои овде можете да наидете е првото приватно IMAX кино, со огромен екран и 18 места за седење со бар и IMAX ложа. Тука се исто така и големиот инфинити базен со каскаден водопад, дупли LED осветлен тобоган, бар и место за логорски оган. Базенот е дизајниран со помош на најмодерна технологија, со интегрирани hi-tech системи за чистење и одржување.

Џакузи на отворено, летна кујна со пица рерна, отворена ложа за забави и влез во спа просторија која се наоѓа во дворот. Дизајнирана од страна на модниот  магнат Џозеф Леоне и архитектот Денио Мадеира Дизајн, секој детал во оваа вила, па и техниката на конструирање и инфраструктура се совршено обработени со количина на внимание посветено на детали. Дали ви се допаѓа?

  [gallery]