(ВИДЕО-СПОТ) Дино Мерлин: „Ружа“ за настраданите во поплавите
Објавено во: Стил 30 Мај, 2014 12:40
На својот официјален профил Дино Мерлин објави спот и песна кои ги посвети на жртвите во поплавите во регионот и напиша: „Ви ја поклонувам оваа Ружа, а вие донирајте барем еден телефонски повик за оние кои се во неволја“.
Денес на официјалната веб страна на Дино Мерлин е објавен видео спот за песната Ружа чија цел е да се помогне во собирање средства за настраданите во поплавите во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија. Иако не беше планирано Ружа да биде правта песна која публиката ќе ја слушне од новиот албум на Мерлин, токму таа е избрана како би допрела до многубројната публика на Дино Мерлин во регионот да се вклучи во пружање помош за загрозените. Во спотот се прикажани телефонски броеви на Црвен Крст со чие повикување на граѓаните можете да им помогнете. Во видео спотот направен во продукцијата на агенцијата Фабрика, користени се фотографии на Дин Касал, Дејан Векиќ и Велија Хасанбеговиќ, како и видео снимки од БНТ, ХТВ И РТС. Во песната, покрај бројните музичари, гостува и турскиот кларинетист Хусну Сенлендириќи. Погледнете го видео спотот посветен на жртвите - Дино Мерлин - Ружа (секој има некој рака да му пружи)* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





