Добивај вести на Viber
Стајковци е најпогодено од поплавите. Телевизиите објавија серија снимки кои го покажуваат хоророт во селото.
https://www.youtube.com/watch?v=KEkPwRljd3c
Експертите велат дека се потребни серија мерки особено на подрачјето каде што последните поројни дождови направија огромни материјални штети, а 21 лице го изгубија животот. Сметаат дека доколку се преземат само дел од превентивните мерки штетите би биле десеткратно помали од тие што сега се случија.
„Ова не е прв пат да се случува вакво невреме.Секогаш и претходните години тој дел Стајковци, Сингелиќ, наслебата Ченто кон Арачиново имале проблеми и затоа е потребен интегриран пристап и соодветна екипа која што ќе предложи мерки и превентивнтивни и во однос на градежни мерки за да не се случуваат вакви работи. Некои велат природната катастрофа толкава количина на врнежи, меѓутоа сигурно ќе имало материјални штетите но сигурно десеткратно помали од она што се случи.Значи потребно е пошумување колку што може, вегетациско покривање на јужните падини на Скопска Црна Гора каде што се тие порои, расчистување, проширување на дренажните канали, обезбедување на слободен протек кон главната река. Потребни се серија мерки во самото градско подрачје, потребни се што повеќе зелени површини, коридори каде ќе се врши одводнувањето, замена на постојната атмосферска канализација со таква која што може да прими многу поголема количина на вода. И ова се само еден дел од мерките кои мора да бидат преземени итно оти велам повторно е можно веќе во есенскиот период некаде во ноември, се очекуваат повторно силни врнежи може не со ваков интензитет но е можно да има силни врнежи, вели професорот Милевски.