(ВИДЕО) СВЕТОТ НА НОЗЕ: Момчињата во пештерата мора да се спасат што побрзо-почнува трка со времето
Објавено во: Свет 05 Јули, 2018 10:51
Поминаа три дена откако момчињата со тренерот се пронајдени во пештерата на северот од Тајланд. Тие се заробени и понатаму под земја ,но сега имат ќебиња, храна, медицинска нега, а друштво им прават нуркачи и лекари.
Спасувачките напори, во кои се вклучени меѓународни тимови и стотици луѓе, продолжуваат на три одвоени фронтови.
Планот А е да научат момчињата да нуркаат како би можеле да изнурнат од пештерата во придружба на нуркачи, а гувернерот известил дека момчињата почнале да учат нуркање во пештерата.
Планот Б е исуштување на пештерскиот систем така што децата би моежеле да изнурнат од пештерата низ водата, но без нуркање. Војската веќе почнала да ја суши пештерата во надеж дека момчињата ќе може да излезат пред новите монсунски дождови.
Властите соопштија дека нивото на вода во првиот дел од пештерата е спуштен за 40 проценти. Сега е можно да преминат низ водата до комората три.
Еден од искусните нуркачи објаснил дека најголем проблем кај спасувањето е тоа што момчињата поминале 11 дена без храна и соодветна вода.
„Веројатно се и ментално и физички слаби. Дури и кога сте искусен нуркач мора да бидете во добра форма за да нуркате“, рекол тој.
Се очекува во текот на викендот повторно да врнат монсунски дождови. Ако се случи тоа пред да бидат ослободени момчињата, порастот на нивото на вода може да значи дека момчињата ќе бидат заробени во пештерата и до четири месеци.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




