20 Декември, 2025
0.0429

(ВИДЕО) СВЕТОТ СЕ СЕЌАВА: Деценија од цунамито во Индонезија кое однесе 230.000 животи

Објавено во: Свет 26 Декември, 2014 12:24

Добивај вести на Viber

На денешен ден пред 10 години во страшен земјотрес и цунами загинаа повеќе од 230.000 лица.

Во Индонезија и другите земји кои излегуваат на Индискиот океан се одржуваат комеморативни собири за настраданите.

Земјотрес со јачина од 9,1 степен по Рихтеровата скала предизвикал серија цунамија во цел Индиски океан од Суматра до Сомалија. Тој 26 декември 2004 година загинале повеќе од 230 000 луѓе во 14 земји а најмногу во Индонезија, додека вкупната направена ѓтета се проценува на десет милијарди долари.

Тресењето се почуствувало и 1600 км од епицентарот кој бил на дното на Индискиот океан кај Суматра, а силните бранови ги погодиле и Шри Ланка, Индија, Тајланд, Сомалија, Бурма, Малдиви, Малезија, Танзанија, Сејшел, Бангладеш, Јужна Африка, Јемен, Кенија и Мадагаскар.

Тоа бил третиот најсилен земјотрес некогас регистриран и траел речиси 10 минути.

cunami-2004-indonezija-nekad-i-sad-foto-ap-1419583493-602273

Најмногу погоден бил регионот Аче, индонежиската провинција на северот од островот Суматра каде од последиците на силните бранови од кои некои биле виски дури 30 метри, загинале околу 130.000 луѓе, додека повеќе од пола милион граѓани се раселени, потсетуваат агенциите. Градот Банда Аче, седиште на споменатата провинција, кој е целосно уништен во таа катастрофа, сега е обновен.

На Шри Ланка загинале повеќе од 30 000 лица, на Тајланд 5935 од кои половината биле странски туристи.

Десетгодишницата од трагедијата ќе биде одбележана и во Шри Ланка на местото каде цунамито однело воз со 1500 лица како и во повеќе европски престолнини, пренесува АФП.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја