06 Декември, 2025
0.0350

(ВИДЕО) Тајна музика: Овие мелодии го оздравуваат телото и најлесно го опуштаат!

Објавено во: Стил 11 Ноември, 2014 16:15

Добивај вести на Viber

Научниците веруваат дека музиката може позитивно да влијае на човекот, па дури и на неговото здравје, а сметаат дека токму приложените мелодии се едни од оние кои најлесно го опуштаат телото. Комбинацијата на хармонија, басови во траење осум минути го смирува пулсот, го намалу крвниот притисок и нивото на стрес. Во песната се слуша гитара, клавир и електронски тонови на природни звуци.

Истражувањето е направено на 40 жени кои биле поврзани со сензори. Нивната задача била да се состават неколку сложувалки во одредено време како би се измерило одредено ниво на стрес. При нивното составување им биле пуштани различни мелодии како при тоа би се тестирал нивниот пулс, крвен притисок, дишање и мозочна активност. Резултатите покажале дека песната Weightless била за 11 посто поопуштачка во однос на која друга песна. На некои жени им предизвикала поспаност.

Песната влијаела и на смалувањето на вкупната анксиозност за 65 посто и довела до ниво од 35 посто пониско од првичното.

Според докторот Давид Луис-Ходгсон од Миндлаб Интернационалата кој го направил истражувањето, оваа песна предизвикала големо опуштање, поголемо од било која друга досега тестирана музика. Музиката влија на многу длабоко ниво во напиот мозок, ги симулира не само оние предели одговорни за обработување на звук, туку и оние поврзани со чувства.

Песната Weightless може да ве успие па затоа не е препорачлива за слушање во текот на возење.

Овие песни најмногу дејствуваат релаксирачки:

1. Marconi Union – Weightless 2. Airstream – Electra 3. DJ Shah – Mellomaniac (Chill Out Mix) 4. Enya – Watermark 5. Coldplay – Strawberry Swing 6. Barcelona – Please Don't Go 7. All Saints – Pure Shores 8. Adele - Someone Like You 9. Mozart – Canzonetta Sull'aria 10. Cafe Del Mar – We Can Fly

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: