(ВИДЕО) ТОЈ ПОСЛЕДЕН ГО ВИДЕЛ ДАРКО ЛАЗИЌ ПРЕД СООБРАЌАЈКАТА: Пријателот на пејачот со детали што правеле вечерта
Објавено во: Општо 24 Октомври, 2018 13:42
Балканот, посебно публиката која ја следи естрадата во соседна Србија е во шок по стравичната сообраќајна несреќа која ја доживал Дарко Лазиќ.
Музичката ѕвезда која произлезе од „Ѕвездите на Гранд“ во моментов е во кома.
Српските медиуми пренесуваат дека лекарите се борат сеуште за животот на Лазиќ, иако состојбата малку ја стабилизирале а пејачот и понатаму е во вештачка кома при што операција уште не е можно да му се направи.
Наводно Лазиќ скршил 9 ребра а фолк пејачот доживеал несреќа управувајќи возило без возачка дозвола.
Другарот на пејачот раскажувајќи ги случувањата вели дека го повикал Дарко ден пред несреќата да дојде во Шабац да се видат:
-Ми се јави во текот на денот и ме праша каде ќе бидам вечерва бидејќи сака да дојде да се видиме. Му реков дека од осум вечерта имам слава кај семејството каде слават раѓање на детето и го повикав да дојде со мене. Остана на тој договор. Јас нешто после 20 часот бев на славата, а Дарко дојде околу 22.30. Беше весел. Подоцна повика и некои другари да дојдат. Се шегувавме до шест часот утрото. Испеа неколку песни и испи неколку ракии. Не беше толку пијан-раскажува Душко Пантиќ за српски курир.
Пријателот на Дарко вели дека тој инсистирал пејачот да остане кај него и да преспие во неговиот хотел.
-Друштвото си отиде па Дарко тргна накај дома, но го одвратив од таа идеја. Му реков: „Нема сега да одиш дома, заедно ќе спиеме кај мене па кога ќе станеме и појадуваме, тогаш ќе се разделиме“. Се согласи и отидовме во соба и легнавме.
После некое време, вели Пантиќ, на Лазиќ му зазвонил телефонот.
„Јас тогаш спиев, но низ сон слушнав дека зборува со некој. Продолжив да спијам а тој замина. Девојката од рецепција ми рече дека излегол во осум и пол од хотелот“, објаснува другарот.
Во сообраќајката има повредени гради и бутна коска, додека ногата му излетала од колкот.
Видеото е на овој линк* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





