(ВИДЕО) Торнадо уништи куќи, луѓето се плашеа за својот живот
Објавено во: Свет 19 Декември, 2018
Торнадо погоди предградие на Сиетл, во Вашингтон уништи куќи.
Торнадото погоди област јужно од градот Порт Орчард, два часот по полноќ, соопшти метеоролошката служба во Сиетл.
Нема извештај за евентуални жртви нема.
„Силно врнеше дожд и пред да сфатам се леташе наоколу. Задните прозори од нашиот автомобил се распукаа…Мислев дека ќе умрам“, раскажа Емили Силверман, која со сопругот тргнала до продавница. Нејзиниот двегодишен син се наоѓал на задното седиште во автомобилот.
На неколку места е пријавена штета, а метеоролошката служба соопштила дека ќе испрати стручен тим поради непрегледноста за време на ноќта, кога работеле со тимовите за вонредни ситуации на проценети штети.
Порт Орчард се наоѓа на околу 24 километри западно од Сиетл.