(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО КИНА: Се урнаа згради и затрупаа луѓе
Објавено во: Свет 02 Февруари, 2017
Околу 20 лица се затрупани, откако денеска се урнаа три петкатници во близина на Венџоу, индустриски град во источна Кина.
Уривањето на зградите се случило околу 8 часот во гратчето Баиџангџи.
Се верува дека најмалку осум лица загинале, а петмина се спасени.
Во тек е спасувачка операција, јави кинеската државна агенција Ксинхуа.
Во спасувачката акција учествуваат околу 6.000 лица, со најмалку 17 амбулантни возила.
Спасувачките екипи со тешка опрема работат на расчистување на урнатините, а во близина на местото се распоредени и пожарникари.