(ВИДЕО) Трамп и Ким избркани од ресторан во Сингапур?
Објавено во: Свет 09 Јуни, 2018
Двајца мажи, кои биле преправени како американскиот претседател, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, мораа да ја напуштат масата на која седнаа да ручаат.
Во ресторанот тие добија овации, но шефот на локалот им ја покажа вратата и им објасни дека мораат да си заминат од безбедносни причини.
Сингапур е местото каде што следната недела е закажана историската средба меѓу Трамп и Ким, на која се очекува тие да ги подобрат односите и да го смират тензиите на Корејскиот полуостров. Долго се чекаше на оваа средба и се договараше локацијата. Сега се прецизирааат сите детаљи за средбата.