18 Мај, 2024
0.0423

(ВИДЕО) ТРОЈЦА МРТВИ ПО АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ИСТАНБУЛ: Патниците со сведоштва

Објавено во: Свет 06 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

„Летавме кон пистата 20 или 30 секунди, а потоа една промашивме. Сè се случи во секунда. Предниот дел на авионот беше во ужасна состојба. Потоа, видов дека е целосно распаднат“, рекол Билгиќ...

Три лица загинаа, а 179 се повредени кога турски авион oд нискобуџетна компанија се урна за време на слетувањето на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“, најверојатно, поради лошо време, и практично се распаднал на три дела.

Во авионот на „Пегас ерлајнс“ полетале од Измир 183 патници и членови на екипажот.

Министерот за здравство Фахретин Коца рано утрово објави дека загинале три лица, а 179 повредени.

Аеродромот беше затворен за сообраќај по несреќата, но беше повторно отворен околу четири часот наутро, пренесува АП, додавајќи дека сè уште има откажани и одложени летови.

Еден од патниците Догуш Билгиќ (24) изјавил за турската телевизија НТВ дека успеал да „излезе“ од авионот преку дупка што се отворила во близина на неговото место.

Тој е еден од првите патници кои се качиле на авион „Боинг 737“ стар 11 години.

„Летавме кон пистата 20 или 30 секунди, а потоа една промашивме. Сè се случи во секунда. Предниот дел на авионот беше во ужасна состојба. Потоа, видов дека е целосно распаднат“, рекол Билгиќ.


НТВ наведува дека двајца пилоти се исто така повредени и наводно се во сериозна состојба.

Патниците тогаш морале да евакуираат низ пукнатини во распаднатиот авион.

Авионот слетал на аеродромот „Сабиха Гокчен“ од западниот турски град Измир кога дошло до она што Министерството за транспорт го опишало како „грубо слетување“.


Foto: AP


Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто