(ВИДЕО) ТУЗЛА: Полицајци бркале сомнително лице, по што завршиле во надојдената река
Објавено во: Балкан 27 Март, 2025 18:37
Во центарот на градот Тузла, во Босна и Херцеговина(БиХ) денеска се случуваше голема драма, откако двајца полицајци упаднаа во надојдената река Јала, бркајќи сомнително лице.
Полицијата објави официјално соопштение за настанот.
„На 27 март 2025 година, околу 10.30 часот во Тузла, полициски службеници забележале возило кое со своето движење ги загрозувало другите учесници во сообраќајот и се обиделе да го сопрат. Во возилото имало две лица со сомнително однесување кои се оглушиле на наредбата да сопрат и продолжиле да се движат, по што полицајците тргнале по нив“, соопшти полицијата на тузланскиот кантон.
Понатаму полицијата додава дека едно лице го оставило возилото и продолжило да бега, па влегло во коритото на реката Јала.
„Но, поради нивото на водата и силната струја, лицето било изложено на опасност од давење, поради што полицајците влегле по него во коритото на реката. Но, надојдената вода почнала неконтролирано да ги носи. Со помош на граѓанин двајцата полицајци успеале да излезат од водата. Надојдената вода ги однела лицето кое бегало и уште еден полицаец и по нив сè уште се трага“, информираше полицијата.
Во акцијата за пребарување се вклучени сите единици на Полициската управа, Противпожарната служба, Цивилната заштита и вооружените сили.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





