19 Декември, 2025
0.0497

(ВИДЕО) Украина зададе удар на Русија, погоди брод со компоненти за дронови „Шахед“

Објавено во: Свет 15 Август, 2025 16:29

Добивај вести на Viber

Украинските сили го нападнаа пристаништето Оља во руската Астраханска област, погодувајќи брод натоварен со компоненти за дронови „Шахед“ и со муниција од Иран, според петочниот извештај на Генералштабот, објави Киев пост.

Во соопштението се наведува дека Специјалните операции (ССО), во координација со други единици на Одбранбените сили, на 14 август, в четврток, го таргетирале пристаништето за да ја намалат способноста на Русија да изведува воздушни напади.

Оља служи како клучен логистички центар за увоз на воена опрема од Иран. Погодениот брод бил „Порт Оља 4“ (Port Olya 4) за кој се тврди дека превезувал делови за беспилотни летала и муниција. Проценката на штетата е во тек.

Во меѓувреме, се сомнева дека рано наутро, денеска, украински дронови нападнале рафинерија за нафта во Сизран, Самарска област. Имало 10 експлозии. 

Руското Министерство за одбрана тврдеше на Телеграм дека неговата противвоздушна одбрана пресретнала 53 украински дронови во текот на ноќта во повеќе области. 

На Алјаска денеска американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со рускиот колега Владимир Путин за да разговараат за војната во Украина. 

Руската инвазија на Украина почна пред 3.5 години. 

foto X


Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела