15 Декември, 2025
0.0645

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА НОВИ СНИМКИ: Eве како ги пренеле дроновите во Русија

Објавено во: Свет 04 Јуни, 2025 17:53

Добивај вести на Viber

Откако денеска Украинците објавија видео на кое се гледа еден од камионите на Безбедносната служба на Украина (СБУ) со дронови FPV како се упатуваат кон мисија за уништување на руски стратешки авиони, СБУ објави уште едно видео.

Во овој случај, видеото ја прикажува позадината на камион во движење, а сè е снимено, веројатно, од патнички автомобил кој го следел камионот по руските патишта барем некое време.

На 1 јуни, СБУ спроведе операција со кодното име „Пајажина“. Операцијата беше планирана година и пол и лично ја надгледувале украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на СБУ, Васил Маљук.

Украинските оперативци шверцувале дронови од типот „FPV“, скриени во дрвени кабини монтирани на камиони, на руска територија. На одредени локации, покривите на овие кабини биле отворани со далечински управувач, а потоа дроновите биле лансирани кон стратешките воздухопловни бази низ Русија – од Мурманск на север до Иркутск и Амур на исток.

Во нападот Украинците употребиле 117 дронови, а погодиле повеќе од 40 руски воени авиони, вклучувајќи стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-22М3 и авиони за надзор А-50.

Според украински извори, нападот предизвикал штета од 7 милијарди евра за Русија и значително ја намалил нејзината способност за лансирање напади со крстосувачки ракети врз украинските градови. Сателитските снимки и видео снимките потврдуваат експлозии и пожари на неколку руски аеродроми, а руското Министерство за одбрана го призна нападот.


Само еден ден по „Пајажина“, СБУ изврши и подводна диверзија на Кримскиот мост, клучна логистичка артерија за руските сили во окупираниот југ од Украина. Детонирале 1.100 килограми експлозив. 


Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела