(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКОА ОД ВУЛЕДАР: Градот падна под руска контрола
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2024 15:44
Украинските сили се повлекоа од градот Вуледар во областа Доњецк, потврди денеска командата на украинската војска.
Руски војници влегле во градот за ископ на јаглен во Донбас во вторникот, напредувајќи од Запад и Југ.
Американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната (ISW) претходно објави дека силите на Москва исто така напредуваат североисточно од градот.
Регионалниот гувернер на Доњецк, Вадим Филашкин, рече дека ситуацијата во вторникот е „многу тешка“.
„Непријателот е веќе речиси во центарот на градот“, изјави тој за украинската телевизија.
Инаку, украинското обвинителство покрена истрага за, како што ја опишува, „најголемата масовна егзекуција“ на украинските „воени заробеници“ од страна на руските војници од почетокот на целосната инвазија на Москва пред повеќе од 31 месец.
Според официјалното соопштение објавено на Телеграм руските сили наводно убиле 16 украински „воени заробеници“ во близина на селата Миколаивка и Сухиј Јар во областа Покровска во областа Доњецк.
Видеото можете да го видите тука.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




