(ВИДЕО) За само 20 секунди 36 солитери станаа прашина
Објавено во: Свет 08 Август, 2017
Кинези го снимија моментот на уривање на 36 солитери во градот Џенгџоу во провинцијата Хенан.
Со 2,5 тони динамит се урнати за само 20 секунди 36 солитери, пренесува „Дејли меил“.
Местото порано важеше за најголемо „урбано село“ во тој град, но за само еден миг исчезна во облакот прашина, а демолирањето на една цела градска општина е најголем проект од тој вид во Кина.
Видеото на Јутјуб го објави „Њучајна“.