29 Март, 2024
0.0247

(ВИДЕО) За секое падни има и стани: Антониа за Женски магазин од Белград

Објавено во: Стил 08 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Со беспрекорната изведба на песната „Je t'aime“ од Лара Фабиан, Антониа Гиговска успеа да обезбеди влез во финалето на регионалниот музички натпревар „Пинк ѕвездички“, сношти во Белград.

На младата поп-ѕвезда ѝ се случи малер за време на настапот кој таа многу брзо го надмина. Антониа се сопна на една од танчарките кои ја придружуваа и падна на сцената. Како ништо да не се случило, таа продолжи да пее со насмевка и веднаш стана што предизивика уште посилен аплауз и овации од жирито и од публиката.

„Супер сум, иако не очекував дека тоа ќе се случи. Среќна сум што паднав. За секое падни, има и стани. Како во животот, така и во кариерата“, изјави Антониа за Женски магазин од Белград. 

Настапот на Антониа денес е еден од најсподелуваните на социјалните мрежи. Таа добива поддршка од сите генерации. М.Џ.