06 Декември, 2025
0.0291

(ВИДЕО) Забавен парк длабоко под земјата

Објавено во: Стил 07 Јуни, 2014 23:03

Добивај вести на Viber

Напуштените и експлоатирани рудници се новата „Мека“ кога е во прашање туризмот.Тоа го докажува и „Salina Turda“, стар рудник за сол, кој се наоѓа длабоко под романскиот град Турда во Трансиванија. Во него е сместен прилично нереален забавен парк.

Рудникот за јавноста е отворен во 1992 година, кога е претворен во музеј и забавен прак со куглана, амфитеатар, мини голф терен, панорамски точки, спа центар...

Длабоко под земјата е направено езеро по кое е можно возење со чамци, Лифтовите кои некогаш  превезувале сол, сега ги возат луѓето низ окното.

Овој необичен забавен изгледа восхитувачки и благодарение на посебното осветлување кое ја истакнува текстурата. Една од најголемите атракции е панорамскиот велосипед, со кој нуди прекрасен поглед на старите сталгми стари повеќе од 1.000 години.

„Salina Turda“  музејот се состои од три рудника: прв е Терезија кој се спушта до 120 метри под земјата, вториот е Антон кој е на длабочина од 180 метри и последниот е Рудолф длабок „само“ 42 метри. Во Рудолф се наоѓаат повеќе соби и мали одаи кои се користеле додека рудникот работел.

Овој забавен парк е вистинска забава за целото семејство, а до него се доаѓа релативно брзо бидејќи од Белград е оддалечен 442 км. Влезот се плаќа 200 леиа (околу 4,5 евра) за возрасни и малку повеќе од 2 евра за деца. Секако, секоја занимација внатре се плаќа додатно.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: