19 Декември, 2025
0.0450

(ВИДЕО ЖИВО) ПОТЕГ ЗА ИСТОРИЈА: Една од најголемите вселенски мисии на човештвото!

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2014 12:52

Добивај вести на Viber

Европската вселенска сонда „Розета“, лансирана во 2004 година, стигна во орбитата на кометата 67П Чурјумов-Герасименко на 6 август годинава. Таа цели 10 години ја „бркаше“ кометата со цел денеска да се спушти на нејзината површина, што треба да претставува огромно достигнување на човекот во освојувањето на Вселената. Научниците се надеваат дека оваа мисија ќе им помогне да дознаат повеќе за еволуцијата на небесните тела, па дури и да ја откријат мистеријата на настанок на животот на нашата планета. Ова е прва мисија од ваков тип во историјата на човештвото, во која заеднички учествуваат Европската вселенска агенција и НАСА. Мисијата ги помина последн ите проверки и издадено е одобрување за слетување на кометата, а конечната потврда за слетување се очекува околу 15 часот. Доколку се оди по планот, сонда треба да се одвои од „розета“ и еден час подоцна да стигне на површината на кометата, каде што мал робот под името „Филе“ ќе се зацврсти со помош на харпуни и штрафови. По слетувањето, првата задача на Филе ќе биде да испрати слики од своето опкружување, со што човештвото за првпат ќе добие снимка од површината на една комета. Историското слетување следете го на следниот ЛИНК во живо.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја