(ВИДЕО+ФОТО) ДАНСКА: Напуштена кула се сруши во обратен правец и уништи зграда
Објавено во: Свет 10 Април, 2018
Напуштена кула во Данска, висока 53 метри се сруши во обратен правец од планираниот и тотално уништи зграда во која имало библиотека и музичко училиште.
Според она што го пренесе порталот Локал Денмарк, за среќа нема повредени.
За рушењето биле искористени 10 кг експлозив.
Кулата требало да падне на место наменето за рушење , но по грешка паднало на зградата.
Истрагата е во тек.