(ВИДЕО+ФОТО) Во јули снег ги покри плажите во Аргентина
Објавено во: Свет 25 Јули, 2019
Снег има на плажите во Аргентина во градот на крајот на светот.
Фотографот Себастијан Инглес на својот профил на Фејсбук објави снимка од снежно невреме во градот Ушуаја, на југот на Аргентина.
Ушуаја е главен град на аргентинската провинција Огнена Земја, која го доби името од португалскиот истражувач Фернандо Магелан, а некое време таму престојувал и познатиот научник Чарлс Дарвин. Meстото е специфично по тоа што температурата во лето не надминува 9, а во зима 1 степен, а често се случува и во лето да падне снег. Во градот живеат скоро 60.000 жители. Дебела снежна покривка има и во Боливија, каде снегот вчера го попречуваше сообраќајот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.