ВИДЕОЛОТАРИЈА СО СЕРТФИКАТ ОД ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЛОТАРИИ ЗА ОДГОВОРНО ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА
Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2023 09:11
Видеолотарија Касинос Австрија како членка на Европскатаи Светската Асоцијација на лотарии, се залага за одговорно приредување игри на среќа. Како одговорна компанија за приредување електронски и интернет игри на среќа, настојуваме да влијаеме врз зголемувањето на јавната свест за ризикот од прекумерно играње.
Видеолотарија Касинос Австрија како одговорна компанија, континуирано работи на едукација на играчите за опасностите кои ги предизвикува компулсивното играње. Во 2019 година формиравме СОС тим, прв од ваков вид во нашата земја. Активирана е и СОС линија со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни лица.
Видеолотарија секогаш нагласува дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.
Европската Асоцијација на Лотарии донесе одлука нашата компанија да добиесертификат за одговорно приредување игри на среќа. Добиениот сертификат е потврда за нашата посветеност и заложби за одговорно играње и едукација на играчите во препознавањето на последиците од прекумерното играње игри на среќа. Сертификатот и официјално ќе го добиеме на свеченото доделување на конгресот на Европската Асоцијација на Лотарии кој ќе се одржува од четврти до седми јуни 2023 во Шибеник.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




