Видете кои се земјите со најдолг животен век на луѓето
Објавено во: Стил 25 Јули, 2013
Научниците откриле дека еден од најважните фактори за долговечноста на една нација се добрите приходи на граѓаните, кои им даваат можност да си дозволат да се хранат здраво. Друг многу важен фактор е пушењето. Побогатите нации имаат и пристап до поквалитетно здравство. Видете кои се земјите со најдолг животен век на луѓето:
10. Гернзи – 80,42 години
Гернзи е втор по големина британски остров во Ла Манш. Тука има многу ниски даноци и е познат како „даночен рај". Повеќето жители работат на добро платени канцелариски позиции, голем дел од нивните приходи доаѓаат од финансискиот сектор. Тие можат да си дозволат здрава храна и добра медицинска нега.
9. Австралија – 80,50 години
Во почетокот на 20-тиот век животен век бил едвај 59 години за жени и 55 години за мажи. Во периодот 1901 - 2000 година тоа се зголемило драстично.
8. Швајцарија – 80,51 години
Животот во Швајцарија е мирен, луѓето имаат стабилна економија, помалку стрес и добра медицинска нега.
7. Шведска – 80,51 години
Шведска има најмал број на пушачи во развиениот свет, што придонесува за доброто здравје на населението.
6. Јапонија – 81,25 години
Јапонија е државата со најмал број на дебели граѓани во светот. Тие се хранат претежно со ориз, тестенини, риба и зеленчук. Можеби е важно тоа дека Јапонците не се така приврзани кон автомобилите како другите развиени нации и често одат пеш.
5. Хонг Конг – 81,59 години
Имаат слична диета како Јапонците. Се хранат со зеленчук, тофу и риба. Дебелината не е многу распространетa.
4. Сингапур – 81,71 години
Освен добра медицинска нега, во земјата има многу добро развиен систем за нега на постари лица.
3. Сан Марино – 81,71 години
Во малата држава луѓето имаат добри примања и претежно работат во канцеларии.
2. Макау – 82,19 години
Околу 70% од приходот на Макау се од коцкањето. Владата инвестира многу во здравството.
1. Андора – 83,51 години
Се наоѓа меѓу Шпанија и Франција. Некогаш тоа беше една од најсиромашните земји во Европа. По Втората светска војна, сепак, станува позната туристичка дестинација. Државата има 71 000 граѓани, од кои повеќето се радуваат на добро здравје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.